Wednesday, January 7, 2009

Преобразба



Вените ми се надигнаа
како на долгогодишен наркоман.
Рацете се стегаа
со желба да повредат некого.
Очите ми се полнеа со сокот
исцеден од омразата,
а зениците ми се ширеа
маѓепсани од занесот
да ја видат болката
по извршеното злосторство.

Безмилосната насмевка
се појави бедно на моето лице,
а јас се претворив во цинична кучка
понесена од едно
кобно чувство.

Измамена од неговата сладост,
обоена во бојата на мрачнината,
гледајќи од тој агол
го слушав само злонамерниот глас
кој велеше:
Се нуди чувство на победа!

Поглед кон огледалото!
Погледот ми сјаеше од возбуда,
со триумф над лажна победа,
бев малата " невина " кобница
со крвни мисли во главата.

Толку невина
а понесена од бесот...

No comments: