Thursday, January 15, 2009

Минатото на (не)уништливата кучка



Низ замаглениот прозорец во мојата соба фрлив неколку погледи. Не видов многу, па го забришав неколкупати со ракавот на кој што се стркалаа неколку бистри капки вода.

Надвор повеќе не беше СЕ бело. Сега беше искалено и мокро. Само звукот на капките од стреите ечеше и некако ме нервираше. Токму тој звук како ехо одѕвонуваше во мене и ми будеше спомени кои не ги посакував: Не денес и во ова време.

Зошто и моето срце беше мокро и калливо. Некогаш ти дозволив да живееш во него. Но Ти, со твоите брзи чекори, остави само траги. И траги. Дури и кога се беше снежно бело- трагите твои не се покрија.

* * * *

Моите богати мисли се изгубија во минатото кое со еден збор го нареков совршенство. Тогаш мојата среќа неможеше да се измери ниту со најголемата вага на радоста. Ни Сонцето не светеше толку силно колку сјајот во твоите беспрекорно убави, смарагдни очи. Токму во тие убави очи јас го пронајдов она за кое што секој со чувства зборуваше: Љубовта!

Ја пронајдов- ДА, но не ми дозволи да ја почувствувам, да ја вкусам, да ја уживам.

Очите ми се изморија гледајќи ја твојата убавина. Но ти не беше толку убав колку што јас те замислив во себе.

Те споредував со неспоредливото. Те слушав во молкот. Немо зборував за тебе. Мижев и пак те гледав. Те носев до крајот на небото- а небото нема крај. И што се случи??

Те добив за да те изгубам. Да- ти си замина зашто пороците не ти дозволија да останеш. Тебе забранетата овошка ти беше убавината на животот.

Но каде ти беше храброста, љубов моја? Каде ја изгуби? Или ја остави дома? Ме напушти со пораката дека јас сум премногу добра кучка за тебе. Ме спореди со неуништливоста и замина без да знаеш дека токму тој момент ТИ ме столчи со толчникот на твоето срце.

Како моето кутро срце да беше лист хартија, од онаа јапонската, најскапата, претопена од емоции, испишана со пенкалото на мојата сентименталност.

-А ти а искина. Душата ми одлета како гулаб. Тој гулаб не постоеше. Постоеше само правта. Но јас ја осетив како гулаб- тоа е најважно. Таа секунда за мене беше смртоносна. А тишината ми беше единствената придружничка.

Деновите ми стануваа се потажни. Солза, бисерна солза. Твојот мирис се губеше од мојата постела. Твојот лик бледеше пред моите очи. Едноставно...сакав да те видам и да ти кажам дека ја изгубив титулата

“ Неуништлива”. Да те извишам со зборовите дека ТИ ме симна од тронот. Но, тебе те немаше никаде. Или пак јас не те пронајдов.

Отчукувањата на моето срце беа споредливи со часовникот кој ги мереше секундите, минутите, часовите кога повторно некој лик ќе ги окупира моите мисли.

Незнам како чука твоето срце, какви се твоите соништа. Но копнеам да ја слушнам мојата приказна со твои зборови. Можеби ќе се изненадам...

Сепак, ти за мене беше и остана вечна инспирација – на истата тематика но од другата, потемната страна. И да не те сакам во мене- ти сепак живееш. Дури и на листот под мојата рака.Дури и да не сакам- ќе останеш вечна сенка што ке ме следи.

*

....Повторно си легнувам со надеж. Утрото наскоро ќе дојде. Можеби ќе ми донесе друга, поразлична приказна...

No comments: