Friday, June 26, 2009

Monday, January 26, 2009

Ранетото срце




Ти верував, но не и сега,

Не повеќе.

Ми правиш кобни работи зад грб.

но ќе дознаам:

Од вистината не се бега.

Се откажуваш од богатството

што го имаш до себе и за себе- мене.

Знаеш ли колку луѓе ти завидуваат

и сакаат да се како тебе???

Толку многу се трудев

да те засакам,

а сега се трудам

да не мислам на тебе.

Да избегнам уште

една болка, тагување!

Но ако мислиш

Дека ќе се предадам лесно

НЕ- тоа не личи на мене.

Јас- непобедливата,

се борев за тебе,

пак ќе се борам,

а ти ќе бидеш тој

што ќе падне на колена!

Има ли надеж за љубов

и кога вторпат ќе се разочараш?

Има ли сон за љубов

за веќе скршено срце?

Срце!

Се лечи ли и по трет пат?

Зараснуваат ли тие рани,

или само спомени и болки?

Немам среќа,

се што сакам не е за мене

или скапо ме чини.

Дали таков е изборот мој

или тоа се нечии вини?

Боже, чувај го

ова срце мое,

срце од срничка мала

што лесно се крши.

Давпати лечено,

уште неусреќено.

Подај уште трошка надеж

за љубовта да не исчезне сосема.

Додај миризливо масло на огнот

за душава пак да воскресне!

Thursday, January 15, 2009

Минатото на (не)уништливата кучка



Низ замаглениот прозорец во мојата соба фрлив неколку погледи. Не видов многу, па го забришав неколкупати со ракавот на кој што се стркалаа неколку бистри капки вода.

Надвор повеќе не беше СЕ бело. Сега беше искалено и мокро. Само звукот на капките од стреите ечеше и некако ме нервираше. Токму тој звук како ехо одѕвонуваше во мене и ми будеше спомени кои не ги посакував: Не денес и во ова време.

Зошто и моето срце беше мокро и калливо. Некогаш ти дозволив да живееш во него. Но Ти, со твоите брзи чекори, остави само траги. И траги. Дури и кога се беше снежно бело- трагите твои не се покрија.

* * * *

Моите богати мисли се изгубија во минатото кое со еден збор го нареков совршенство. Тогаш мојата среќа неможеше да се измери ниту со најголемата вага на радоста. Ни Сонцето не светеше толку силно колку сјајот во твоите беспрекорно убави, смарагдни очи. Токму во тие убави очи јас го пронајдов она за кое што секој со чувства зборуваше: Љубовта!

Ја пронајдов- ДА, но не ми дозволи да ја почувствувам, да ја вкусам, да ја уживам.

Очите ми се изморија гледајќи ја твојата убавина. Но ти не беше толку убав колку што јас те замислив во себе.

Те споредував со неспоредливото. Те слушав во молкот. Немо зборував за тебе. Мижев и пак те гледав. Те носев до крајот на небото- а небото нема крај. И што се случи??

Те добив за да те изгубам. Да- ти си замина зашто пороците не ти дозволија да останеш. Тебе забранетата овошка ти беше убавината на животот.

Но каде ти беше храброста, љубов моја? Каде ја изгуби? Или ја остави дома? Ме напушти со пораката дека јас сум премногу добра кучка за тебе. Ме спореди со неуништливоста и замина без да знаеш дека токму тој момент ТИ ме столчи со толчникот на твоето срце.

Како моето кутро срце да беше лист хартија, од онаа јапонската, најскапата, претопена од емоции, испишана со пенкалото на мојата сентименталност.

-А ти а искина. Душата ми одлета како гулаб. Тој гулаб не постоеше. Постоеше само правта. Но јас ја осетив како гулаб- тоа е најважно. Таа секунда за мене беше смртоносна. А тишината ми беше единствената придружничка.

Деновите ми стануваа се потажни. Солза, бисерна солза. Твојот мирис се губеше од мојата постела. Твојот лик бледеше пред моите очи. Едноставно...сакав да те видам и да ти кажам дека ја изгубив титулата

“ Неуништлива”. Да те извишам со зборовите дека ТИ ме симна од тронот. Но, тебе те немаше никаде. Или пак јас не те пронајдов.

Отчукувањата на моето срце беа споредливи со часовникот кој ги мереше секундите, минутите, часовите кога повторно некој лик ќе ги окупира моите мисли.

Незнам како чука твоето срце, какви се твоите соништа. Но копнеам да ја слушнам мојата приказна со твои зборови. Можеби ќе се изненадам...

Сепак, ти за мене беше и остана вечна инспирација – на истата тематика но од другата, потемната страна. И да не те сакам во мене- ти сепак живееш. Дури и на листот под мојата рака.Дури и да не сакам- ќе останеш вечна сенка што ке ме следи.

*

....Повторно си легнувам со надеж. Утрото наскоро ќе дојде. Можеби ќе ми донесе друга, поразлична приказна...

Thursday, January 8, 2009

Непознатата насмевка






Ќе ја пратам далеку

на тајно место,

ќе ја чувам добро

и посетувам често.

Ќе ја залевам со

капки љубов.

Зиме ќе ја заштитувам

од мразот и снегот,

за лете да ги рашири

крилјата кон брегот.

Ќе ја наберам во пролет

заедно со цветот

и ќе му ја подарам

на светот.

За мирот и среката

вечни да бидат,

да траат долго,долго,

сите да ги видат.

Тогаш душава моја

На перниче од среќа

ќе спие,

а јас ќе се смеам

и смеам и смеам...

Солза...


Солза!

Мила и нежна,

Добра и бедна.

Проѕирна како

утринската роса

на црвената роза,

колку е само мала,

а толку голема болка

создава.

Солза!

Дланкката моја

неа ја допре

и за миг нејзиниот

живот сопре.

На дланката

почувствував

нешто што ме пече,

што ли сакаше

таа да ми рече?

Солзо моја!

Солзо златна!

Кога би можела

назад да те вратам

смислата на животот

да ми ја кажеш

без да ме излажеш.

Солзо златна!

Животот тебе

ми те дари

да ме тешиш

во часовите тажни,

толку обични,

бедни и неважни.

Да ми правиш друштво

во ноќите

осамени и пусти,

додека се чувствувам

како залутана птица

низ шумите густи.

Солзо златна!

Утеши ме!

Утеши ме!

Спаси ме од овие

болки што ме гонат

и направи тие

во морето да потонат.

Солзо моја златна!

Wednesday, January 7, 2009

Едно срце







Би сакала да сум цвеќе
во студовите на зимата што цути,
и секој што ќе сака да ме допре
да се изгребе од моите лисја крути!

Би сакала да сум мало каменче
на залутано патче, и тесно
и секој што ќе сака да ме згазне
да се сопне лесно!

Но јас не сум цвеќе
во зима што цути,
ниту малото каменче
на патче тесно.
Јас сум само дете,
а детското срце
се крши лесно!!

За што сонуваш ТИ, мил мој??






Дали сонуваш за високите планини
и најголемите реки??
Или пак сонуваш за мориња и пустини??
Дали се пронајде себе си во вода
или залутан низ шумите густи??

Каде се крие твојата душа??
Дали ја сонуваш низ облаци бели
што солзи леат,
или пак некаде весела, во лет
птичји песни каде што се пеат??

Можеби ме сонуваш мене
како нежно усни ти љубам,
страста ти ја разгорувам,
до пот те изморувам???
Или пак во далечината
расплакана и тажна
полека како те губам???

Зборови







Ах тие зборови!
Сеуште ги барам
а никако да ги најдам!
Еден збор-
клуч од една порта,
порта на љубов,
порта на надеж.
Еден збор-
една воздишка.
Еден збор-
еден сон.
Ах, тие зборови.
Секој збор-
златна мисла.
Една мисла-
златна птица.
Еден збор-
твој збор.
Еден твој збор-
моја прегратка.
Еден твој збор-
мој лек.
Твојот збор
ги лечи моите рани.
Твојот збор ја
заздравува мојата душа.
Со еден збор
се раќаме.
Со еден збор
растеме.
Со еден збор
живееме.
Со еден збор
умираме.
Каде ли е тој проклет збор????

Преобразба



Вените ми се надигнаа
како на долгогодишен наркоман.
Рацете се стегаа
со желба да повредат некого.
Очите ми се полнеа со сокот
исцеден од омразата,
а зениците ми се ширеа
маѓепсани од занесот
да ја видат болката
по извршеното злосторство.

Безмилосната насмевка
се појави бедно на моето лице,
а јас се претворив во цинична кучка
понесена од едно
кобно чувство.

Измамена од неговата сладост,
обоена во бојата на мрачнината,
гледајќи од тој агол
го слушав само злонамерниот глас
кој велеше:
Се нуди чувство на победа!

Поглед кон огледалото!
Погледот ми сјаеше од возбуда,
со триумф над лажна победа,
бев малата " невина " кобница
со крвни мисли во главата.

Толку невина
а понесена од бесот...

Бакнеж



Кога низ шепотот на цутот
на усните твои
кон мене дише цветот,
моите усни желни за бакнеж твој
- поцрвенуваат.
А штом те видат тебе
- се засрамуваат.
А штом се врз тебе
- ме залудуваат.
Ноќите нивни во сон
со тебе ги поминуваат.
А штом те бакнуваат
во себе го рагоруваат
огнот на љубовта
што гори, што тлее,
што го поседуваат.

Snow = Love


Утро.

Свежината и студот се будат.

Поглед низ прозорецот.

Белина. Рај за окото.

Свет на нежност.

Милион снегулки го играат својот танц.

Која од која-поубава.

Која од која-поволшебна.

Спремни да се остелат врз белиот килим

Исткаен од судбината.

Една снегулка застана врз мојата дланка.

Нежно се заврти неколкупати и

Ми нацрта насмевка на лицето,

Радост во срцето,

Солзи во очите.

Тоа беше ТИ.


Убав како што те замислив.

Нежен као што очекував.

Вистинит..............

...............или лажен????

Дур` да трепнам те снема.

Исчезна од мојата дланка.

Се растопи.

Моето “збогум” го кажав предоцна.

Усните ми трепереа на студот.

Ми останаа само солзите.

Продолжив да стојам на студот.

Сама.

Ја чекав да дојде снегулката

Што го носеше твоето име.

Стоев. И чекав.

Чекав, чекав.чекав...


Ако ме сакаш,остани!


Моето срце и твоето

обвиткани со превез од мака

секогаш ке треба да се сакат.

Ако сакаш оди си,

но патот по кој те води

горчината твоја

е пат покриен со трње.

Не е вина моја.


Срцево мое чемерно вене.

Тешко чука.

Посакува да си тука.

покрај мене.

Ќе собираме заедно рози

во сите бои,

ќе ги покриеме со нив

патеките мои и твои.

Ветерот нежно ќе си поигра

со косите наши.

Со бакнежи врели

иднината не се плаши.

Љубовта дава сила.

Тоа е порака мила!!