Friday, June 26, 2009

Monday, January 26, 2009

Ранетото срце




Ти верував, но не и сега,

Не повеќе.

Ми правиш кобни работи зад грб.

но ќе дознаам:

Од вистината не се бега.

Се откажуваш од богатството

што го имаш до себе и за себе- мене.

Знаеш ли колку луѓе ти завидуваат

и сакаат да се како тебе???

Толку многу се трудев

да те засакам,

а сега се трудам

да не мислам на тебе.

Да избегнам уште

една болка, тагување!

Но ако мислиш

Дека ќе се предадам лесно

НЕ- тоа не личи на мене.

Јас- непобедливата,

се борев за тебе,

пак ќе се борам,

а ти ќе бидеш тој

што ќе падне на колена!

Има ли надеж за љубов

и кога вторпат ќе се разочараш?

Има ли сон за љубов

за веќе скршено срце?

Срце!

Се лечи ли и по трет пат?

Зараснуваат ли тие рани,

или само спомени и болки?

Немам среќа,

се што сакам не е за мене

или скапо ме чини.

Дали таков е изборот мој

или тоа се нечии вини?

Боже, чувај го

ова срце мое,

срце од срничка мала

што лесно се крши.

Давпати лечено,

уште неусреќено.

Подај уште трошка надеж

за љубовта да не исчезне сосема.

Додај миризливо масло на огнот

за душава пак да воскресне!

Thursday, January 15, 2009

Минатото на (не)уништливата кучка



Низ замаглениот прозорец во мојата соба фрлив неколку погледи. Не видов многу, па го забришав неколкупати со ракавот на кој што се стркалаа неколку бистри капки вода.

Надвор повеќе не беше СЕ бело. Сега беше искалено и мокро. Само звукот на капките од стреите ечеше и некако ме нервираше. Токму тој звук како ехо одѕвонуваше во мене и ми будеше спомени кои не ги посакував: Не денес и во ова време.

Зошто и моето срце беше мокро и калливо. Некогаш ти дозволив да живееш во него. Но Ти, со твоите брзи чекори, остави само траги. И траги. Дури и кога се беше снежно бело- трагите твои не се покрија.

* * * *

Моите богати мисли се изгубија во минатото кое со еден збор го нареков совршенство. Тогаш мојата среќа неможеше да се измери ниту со најголемата вага на радоста. Ни Сонцето не светеше толку силно колку сјајот во твоите беспрекорно убави, смарагдни очи. Токму во тие убави очи јас го пронајдов она за кое што секој со чувства зборуваше: Љубовта!

Ја пронајдов- ДА, но не ми дозволи да ја почувствувам, да ја вкусам, да ја уживам.

Очите ми се изморија гледајќи ја твојата убавина. Но ти не беше толку убав колку што јас те замислив во себе.

Те споредував со неспоредливото. Те слушав во молкот. Немо зборував за тебе. Мижев и пак те гледав. Те носев до крајот на небото- а небото нема крај. И што се случи??

Те добив за да те изгубам. Да- ти си замина зашто пороците не ти дозволија да останеш. Тебе забранетата овошка ти беше убавината на животот.

Но каде ти беше храброста, љубов моја? Каде ја изгуби? Или ја остави дома? Ме напушти со пораката дека јас сум премногу добра кучка за тебе. Ме спореди со неуништливоста и замина без да знаеш дека токму тој момент ТИ ме столчи со толчникот на твоето срце.

Како моето кутро срце да беше лист хартија, од онаа јапонската, најскапата, претопена од емоции, испишана со пенкалото на мојата сентименталност.

-А ти а искина. Душата ми одлета како гулаб. Тој гулаб не постоеше. Постоеше само правта. Но јас ја осетив како гулаб- тоа е најважно. Таа секунда за мене беше смртоносна. А тишината ми беше единствената придружничка.

Деновите ми стануваа се потажни. Солза, бисерна солза. Твојот мирис се губеше од мојата постела. Твојот лик бледеше пред моите очи. Едноставно...сакав да те видам и да ти кажам дека ја изгубив титулата

“ Неуништлива”. Да те извишам со зборовите дека ТИ ме симна од тронот. Но, тебе те немаше никаде. Или пак јас не те пронајдов.

Отчукувањата на моето срце беа споредливи со часовникот кој ги мереше секундите, минутите, часовите кога повторно некој лик ќе ги окупира моите мисли.

Незнам како чука твоето срце, какви се твоите соништа. Но копнеам да ја слушнам мојата приказна со твои зборови. Можеби ќе се изненадам...

Сепак, ти за мене беше и остана вечна инспирација – на истата тематика но од другата, потемната страна. И да не те сакам во мене- ти сепак живееш. Дури и на листот под мојата рака.Дури и да не сакам- ќе останеш вечна сенка што ке ме следи.

*

....Повторно си легнувам со надеж. Утрото наскоро ќе дојде. Можеби ќе ми донесе друга, поразлична приказна...

Thursday, January 8, 2009

Непознатата насмевка






Ќе ја пратам далеку

на тајно место,

ќе ја чувам добро

и посетувам често.

Ќе ја залевам со

капки љубов.

Зиме ќе ја заштитувам

од мразот и снегот,

за лете да ги рашири

крилјата кон брегот.

Ќе ја наберам во пролет

заедно со цветот

и ќе му ја подарам

на светот.

За мирот и среката

вечни да бидат,

да траат долго,долго,

сите да ги видат.

Тогаш душава моја

На перниче од среќа

ќе спие,

а јас ќе се смеам

и смеам и смеам...

Солза...


Солза!

Мила и нежна,

Добра и бедна.

Проѕирна како

утринската роса

на црвената роза,

колку е само мала,

а толку голема болка

создава.

Солза!

Дланкката моја

неа ја допре

и за миг нејзиниот

живот сопре.

На дланката

почувствував

нешто што ме пече,

што ли сакаше

таа да ми рече?

Солзо моја!

Солзо златна!

Кога би можела

назад да те вратам

смислата на животот

да ми ја кажеш

без да ме излажеш.

Солзо златна!

Животот тебе

ми те дари

да ме тешиш

во часовите тажни,

толку обични,

бедни и неважни.

Да ми правиш друштво

во ноќите

осамени и пусти,

додека се чувствувам

како залутана птица

низ шумите густи.

Солзо златна!

Утеши ме!

Утеши ме!

Спаси ме од овие

болки што ме гонат

и направи тие

во морето да потонат.

Солзо моја златна!